Лазаров: Горд сум на тоа што го направивме, победивме со стил!

141

РК Алкалоид сега и официјално се пласира во 3.коло во ЕХФ Купот. Иако тоа веројатно се знаеше и по првиот меч со Драгунас во Скопје, сепак и во реваншот момците на стратегот Кире Лазаров победија и така со два триумфа одат во следната фаза.

По мечот во Литванија, Лазаров беше задоволен од пласманот во следната рунда, но посочи дека имале калитетен тим за противник. Според него важно е дека се оствари целта, а таа беше пласман во следната фаза.

По денешниот меч Лазаров истакна:

Не е лесно да се победи било кој противник на гости, посебно во еден европски куп. Победата ја остваривме со стил, во 22. минута имавме девет разлика, потоа дојде до некое опуштање и се мачевме цел натпревар. Меѓутоа, сите овие работи се нови за нашите играчи, имам разбирање, треба да учиме од грешките. Победивме една квалитетна екипа која физички трча 60 минути и не е лесно да се подговиш за неа“

Лазаров истакна дека е горд на своите играчи:

Иако ова е прво европско коло, горд сум на она кое го направивме. Посебно во последните три дена во кои имавме три средби кои доста бараа од нас. Анализирајќи го противникот, првата средба беше потешка. Увидов дека се работи за квалитетен ривал кој знае што сака. Шпанскиот систем донел ред во овие четири до пет месеци, многумина ме гледаа како смешен кога кажав дека треба да се биде претпазлив. Влеговме дисциплинирано, успеавме да поставиме една добра залиха во Скопје која ни даде да спиеме мирно. Сакавме да победиме и на реваншот, тука ни беше полесно да играме, затоа што знаевме што не очекува“

Лазаров нема некои посебни желби за ривал во пресрет на ждрепката за следното коло:
Ни следи ждрепката од третото коло, имаме свои желби, за да имаме и поголеми шанси. Кој и да ни падне на ждрепката, нема ние да се си ставаме некаков товар. Важно ни е ние да одиме напред и нашиот систем да функционира. Нема да излеземе на терен со бело знаме, без разлика на името и на квалитетот на противникот“

ПретходноРајо со играч помалку до три бода против Алавес
СледноОхриѓани потопени на реваншот, Турда славеше со десет гола разлика!