Лас Палмас – Џирона 1:0 е епилогот од дуелот во рамките на 11.коло во Ла Лига. И веднаш да кажеме дека нашиот Бојан Миовски беше стартер и го одигра целиот натпревар, но сепак не успеа да ја спаси својата екипа од пораз. Македонецот двапати се закани кон домашниот гол, но не успеа да ја затресе мрежата на Лас Палмас.
Со овој пораз, петти сезонава во Ла Лига, сега Џирона падна на 13.место со 12 бода.
Далеку е оваа Џирона во Ла Лига од оној тим кој лани ова време просто растураше во домашниот шампионат.
Инаку ова е голема победа на Лас Палмас во битката за опстанокот, ова беше втор триумф во низа за оваа екипа.