Се сврте среќата: Леверкузен во 90.минута остана без победа!

48

Дали се сврте среќата, но сега на штета на Леверкузен? Ако во минатата сезона тимот на Чави Алонсо обично победуваше после 90.минута сега веќе не е така.

Вечерва во Бремен, Вердер постигна гол во 90.минута и успеа да дојде до 2:2 и со тоа да му откине два големи бода на шампионот.

Гостите со голот на Бонифејс во 30.минута дојдоа до 0:1, за да домашниот состав израмни на 1:1 во 74.минута со голот на Дукш.

Кога Агу три минута подоцна си постигна автогол за водство на гостите од 1:2 се чинеше дека Леверкузен ќе победи, но така не мислеше Шмид кој со гол во 90.минута ги постави конечните 2:2.

ПретходноБутел стана „специјалист“ за драми, Вардар 1961 се рехабилитираше во Кавадарци!
СледноВилшир го напушта Арсенал и оди во Чемпионшип