Вардар и Работнички одиграа 0:0 во меч кој беше премногу важен за двете екипи, во меч кој не смееше да се загуби. Веројатно и затоа така се играше на ова Соседско дерби бр.77. Работнички во неколку наврати опасно се закани, но сепак на крајот мораше да се задоволи со бод со кој, по ремито под Шара, и натаму е лидер со +3 бода во однос на Шкендија, Силекс и Гостивар кои се на делба на второто место.
Инаку голем пех на Ненад Мишковски, клучниот дефанзивец во Вардар кој на својот 100-ти меч во “црвено – црниот“ дрес се повреди и мораше да го напушти теренот.
Ова е табелата по 11.коло во ПМФЛ:
Работнички 23, Шкендија 20, Силекс 20, Гостивар 20, Шкупи 16, Струга ТЛ 16, Беса 12, Пелистер 12, Брера 12, Тиквеш 8, Вардар 8, Воска 7…