Каталонска колонија во Висел Кобе: И Бојан Кркиќ оди кај Иниеста

394

Некогашната голема надеж на Барселона, Бојан Кркиќ потпиша договор со јапонскиот тим Висел Кобе.

“Се е подготвено за новата дестинација. Возбуден сум поради оваа неверојатна лична и професионална можност. Едвај чекам да започнам”, напиша Кркиќ на социјалните мрежи.

Кркиќ ќе отпатува за Азија од МЛС, каде играше за тимот на Монтреал. Во Висел ќе го чека поранешниот соиграч од Барселона, Андреас Иниеста.

Интересно е што неколку поранешни играчи на каталонскиот клуб играат за јапонскиот тим. Таму се и Томас Вермален и Серхи Сампер.

ПретходноИнтер понудил 59 милиони евра за Марсијал од Манчестер Ј.
СледноАнтиќ: Многу сум разочаран од Димитријевиќ, но засега нема да го казнуваме