Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор не ја доби „Златната топка“ иако многумина го сметаа за победник. Наградата отиде во рацете на шпанскиот фудбалер Родри.
Реал Мадрид поради револт не се појави на доделувањето на наградите, а некогашниот холандски фудбалер Кларенс Сидорф го кажа своето мислење околу целата ситуација. Тој не се плашеше да каже дека Винисиус не е добитник поради проблем на релација УЕФА-Реал Мадрид.
„Мислам дека има проблем помеѓу Реал Мадрид и УЕФА и тој влијаеше на некои работи. Винисиус дефинитивно ја заслужи наградата и штета што не победи“, кажа Сидорф.