Килијан Мбапе иако важи за најспектакуларен играч, иако го направи трансферот на деценијата од ПСЖ во Реал Мадрид, далеку е од она што треба да биде. Како прво разочарани се фановите на Реал, а ни во репрезентацијата на Франција одамна не игра како што од него се очекува. Како капак на се во изборот на „Златната топка“ никој не го ни споменуваше.
Токму затоа Л`Екип имаше своја порака до Килијан:
„Килијан Мбапе наскоро ќе има 26 години. Во тие години Лео Меси веќе имаше две Златни топки. Капитенот на Франција ќе мора да се запраша дали тој во својата кариера ќе освои барем една“.
Секако дека ова е голем удар за Мбапе од престижниот француски весник.