Фонсека има „фора“ уште три меча, Милан веќе бара негов наследник

217

Пауло Фонсека добил ултиматул од раководството на Милан дека има само уште три натпревари за подобрување на пласманот на Милан, а во спротивно ќе мора да добие отказ.

Тренерот нема силна поддршка од раководството на „Росонерите“ и иднината на Португалецот во голема мера зависи од трите натпревари кои ќе се одиграат пред ноемвриската репрезентативна пауза – со Монца, Реал Мадрид и Каљари.

Според изворот на „Калчомеркато“, Милан веќе ги разгледува опциите за негов наследник, а во игра се Маурицио Сари, Масимилијано Алегри, Игор Тудор и Един Терзиќ.

ПретходноШундовски: Нема да застанеме на само една победа
СледноФудбал ќе се гледа и од балкон: На четирите агли на стадионот на Утрехт ќе се градат станбени згради