Фудбал ќе се гледа и од балкон: На четирите агли на стадионот на Утрехт ќе се градат станбени згради

79

Архитектонското биро MVSA пред холандската јавност ги претстави своите дизајни за реновирање на просторот околу стадионот „Галгенвард“, кој е домашен стадион на холандскиот клуб Утрехт. Празните агли на стадионот меѓу трибините ќе бидат исполнети со станбени кули, што ќе им овозможи на жителите во иднина да ги гледаат натпреварите на Утрехт од нивните прозорци.

Архитектонската фирма и општината Утрехт работат заедно на понатамошен развој на областа околу стадионот, па ги објавија нацртите на новите проекти. Дизајнирани се четири станбени и комерцијални кули на секој од аглите меѓу трибините, каде во иднина ќе се градат станбени згради. Станува збор за згради со вкупно петстотини станови.

ПретходноФонсека има „фора“ уште три меча, Милан веќе бара негов наследник
СледноДерби во Чаир на стартот на 5. коло во Првата „Мтел“ лига