Барса нема пари за да го регистрира Олмо за вториот дел од сезоната?

299

Шпанските медиуми пишуваат дека постои шанса Дани Олмо да не игра за Барселона од првиот ден во јануари 2025 година. Во преговорите што ги води со својот истакнат спонзор, Барселона очекува финансиско засилување преку претходно договорените бонуси. Сепак, се е одложено за почетокот на следната година и 60-те милиони евра што ги очекува клубот може да доцнат. Ова е проблем не само поради јануарскиот преоден рок туку и поради пријавувањето на Дани Олмо и Пау Виктор за вториот дел од сезоната.

И двајцата, пишува каталонски „Спорт“, се пријавени само до 31 декември и се уверени дека клубот ќе најде решение за проблемот.

Олмо пристигна во Барселона на почетокот на август во трансфер од РБ Лајпциг и потпиша договор со каталонскиот клуб до летото 2030 година. РБ Лајпциг го продаде шпанскиот играч за врска за 55 милиони евра и бонуси во износ од седум милиони евра.

ПретходноДерби во Чаир на стартот на 5. коло во Првата „Мтел“ лига
СледноАња Алтхаус со нов предизвик – ќе биде тим менаџер на германската женска репрезентација!