Јокиќ на скок до нов трипл-дабл: Промаши за продолжение и „изеде“ лакт во глава од Гобер (ВИДЕО)

223

Денвер Нагетс претрпе пораз откако на гостувањето кај тимот на Минесота во големото НБА дерби беше совладан со резултат 119:116.

Никола Јокиќ имаше шанса да му донесе продолжение на Денвер со тројка од тешка позиција во последната секунда, но промаши. Српскиот репрезентативец беше на еден скок до нов трипл-дабл бидејќи мечот го заврши со 26 поени, девет скока и 13 асистенции.

Арон Гордон беше најефикасен кај поразениот состав со 31 поен и 11 скока, Мајкл Портер Јуниор постигна 26 поени.

Ентони Едвардс ја предводеше Минесота со 29 поени, следеше Џулиус Рендл со 23 поени, а одличен беше и Руди Гобер со 17 поени и 14 скока.

Денвер имаше два напади за да ја анулира предноста на ривалот, но двата пати беше неуспешен, во првиот Браун промаши од тешка позиција, а во последните секунди Јокиќ промаши многу тежок удар преку долгоракиот Гобер, кој претходно го направи конечниот плус од линијата за фрлање.

Гобер се најде во центарот на вниманието и по грубата игра со лакт во еден од дуелите со Јокич, тој го мавна во глава.

Резултати: Шарлот – Бостон 109-124, Кливленд – Орландо 120-109, Детроит – Њујорк 98-128, Атланта – Сакраменто 115-123, Бруклин – Чикаго 120-112, Торонто – ЛА Лејкерс 125-131, Њу Орлеанс – Индијана 125-118, Минесота – Денвер 119-116, Портланд – Оклахома 114-137.

 

ПретходноАлавес со домашен триумф над Мајорка
СледноОд срцев удар почина првиот човек на данската ракометна федерација