Денеска од 13 часот на програмата се сите осум средби од 11.коло во ВМФЛ. Најголемо внимание привлекува дуелот меѓу Македонија ЃП и Брегалница во Ѓорче, довчерашни прволигаши и тимови кои се првите две места на табелата. Токму затоа ова е дерби на колото, ако не и дерби на есенскиот дел. Ќе видиме кој е подобар меѓу двете екипи кои важат за најголеми фаворити за директен пласман во елитата.
Интересно, ако во Ѓорче биде реми, тогаш најверојатно Башкими ќе биде новиот лидер по ова 11.коло ако се знае дека кумановци кои имаат 23 бода, исто како и “лавовите“ и еден помалку од штипските “сини“, игра дома со Осогово.
Забревтаниот Охрид го дочекува Скопје со амбиција да ја продолжи победничката низа, а супер интересно ќе биде и во Гостивар каде Арсими го дочекува Детонит.
На останатите средби се среќаваат Борец – Вардар (Н), Беласица – Кожув, Победа – Вардарски и Новаци – Саса.
НАЈАВА ЗА 11.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)
Велес: Борец – Вардар (Н)
Скопје: Македонија ЃП – Брегалница
Гостивар: Арсими – Детонит
Струмица: Беласица – Кожув
Охрид: Охрид – Скопје
Куманово: Башкими – Осогово
Прилеп: Победа – Вардарски
Новаци: Новаци – Саса
ТАБЕЛА
Брегалница 24, Македонија ЃП 23, Башкими 23, Арсими 20, Охрид 19, Кожув 16, Детонит 15, Беласица 15, Саса 12, Новаци 11, Победа 10, Скопје 9, Вардар (Н) 8, Осогово 5, Борец 5, Вардарски 2…