Аморим за Јунајтед: Беше сега или никогаш!

135

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим откри како дошло до негово понуда и прифаќање да стане нов тренер на „црвените ѓаволи“ токму во овој момент од сезоната.

„Тоа беше сега или никогаш. Имав три дена да ја донесам одлуката, инаку за шест месеци немаше да ја добијам оваа понуда. Му кажав на Хуго Виана дека ова е секако мојата последна сезона во Спортинг.

Манчестер Јунајтед започна преговори со претседателот и плати повеќе од откупната клаузула. Инсистирав да останам до крајот на сезоната, но ми објаснија дека тоа не е можно – сега или никогаш, бидејќи ќе се насочат кон друга опција доколку одложам“, изјави новиот тренер на Јунајтед. 

ПретходноПерез почнува да го губи трпението со Анчелоти!
СледноВМФЛ: Дерби во Ѓорче, “лавовите“ на мегдан со штипски “сини“…