Распродадено: “Дербито на Македонија“ ќе се игра пред преполни трибини!

265

Како што предмалку објавија од таборот на ФК Пелистер, нема веќе билети за историскиот дуел меѓу Пелистер и Вардар утре од 19 часот. Велиме историски зошто по првпат во Битола ќе се игра под рефлектори. Сите билети за само два дена пламнаа, се е распродадено, а тоа значи дека утре вечер на стадионот “Петар Милошевски“ ќе се игра пред преполни трибини.

Јасно е дека “Дербито на Македонија“ ќе биде спектакл, не само за Битола туку и за цела Македонија.

Пелистер и Вардар тоа го заслужуваат.

ПретходноСтајиќ: Должни сме да ја израдуваме битолската публика
СледноДерби во СЦ „Јане Сандански“: Вардар 1961 и ГРК Охрид во битката за второто место!