Петти меч и петти пораз за Вардар во новата сезона во нашата елитна кошаркарска лига. Иако “црвено – црните“ и тоа како му пружика отпор на фаворитот попладнево, сепак Работнички како гостин успеа да слави со 71:79 и со тоа да дојде до четвртата победа.
Вардарци подобро го отворија мечот, ја добија првата четвртина со 20:17, но потоа Работнички и тоа како врати во вториот период кој го реши во своја корист со 19:25.
Домашните кошаркари колку и да се трудеа, сепак едноставно беа немоќни. Работнички на крајот забележа победа, но искрено просто се изнамачи во текот на целиот меч против градскиот ривал.
Со оваа победа Работнички сега е на делба на второто место на табелата заедно со Чаир, може да им се придружи и Пелистер, додека првопласиран со пет од пет е тимот на ТФТ.
Најефикасен кај поразениот состав беше Марјановиќ со 16 поени, додека кај победничкиот тим Ѓуроски со 20 поени најмногу придонесе за победата на својот тим.