Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 17 години претрпе уште еден убедлив пораз за време на квалификациите за ЕП. На мечот против првиот фаворит во групата, селекцијата на Шпанија, избраниците на селекторот Каранфиловски денеска загубија со 5:0.
Шпанците до 28 минута веќе имаа предност од 3:0. Резултатот го отвори кампос во 21. минута, па со головите на Туре (пенал) и Бареирос, Шпанците во 28. минута водеа и со 3:0. Во второто полувреме Туре и Гистау погодија уште двапати за конечни 5:0.
Следниот и последен меч за Македонија ќе биде против Естонија на 5 ноември.