Со тимски договор Норис дојде до победа на спринтот на Интерлагос

67

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на спринтот што се одржа во рамките на Големата награда на Бразил во Формула 1 шампионатот.

На патеката Интерлагос, Британецот ја забележа првата победа во спринт сезонава и го спречи Макс Верстапен да го задржи максималниот резултат во тој формат. Норис дојде до победата на три круга пред крајот, кога ги замени позициите со својот тимски колега Оскар Пјастри, кој водеше од самиот старт. Одлуката на Мекларен беше очекувана со оглед на тоа што Норис се бори со Верстапен за титулата.

Предноста во корист на возачот на Ред Бул сега е 45 поени.

ПретходноВистински ЅВЕР: Вака изгледа Тајсон на две недели до мечот со Пол! (ВИДЕО)
СледноЛео Меси открива:“Тоа е нешто што не би сакал да го работам“!