Со два гола на Хари Кејн и еден на Коман, Баерн (М) ја зпиша и седмата сезонска победа во германската Бундеслига. Денеска во мечот од 9. коло, баварците пред своја пуболика славеа рутинирано со 3:0 против екипата на Унион Берлин и останаа на чело на табелата во германската фудбалска елита.
Одличен настап имаа и фудбалерите на Ајнтрахт (Ф) кои со 7:2 славеа над екипата на Бохум. За тимот од Франкфурт ова беше петта победа со која се проби на третото место на табелата.
Изненадувачка победа на гости извојува екипата на Ст. паули која славеше со 2:0 на гостувањето кај Хофенхајм. Победа од 1:0 пред своите навивачи оствари и екипата на Холштајн Кил против Хајденхајм, додека Волфбург и Аугсбург одиграа 1:1.
Вечерва од 18:30 се игра дербито меѓу Борусија (Д) и Лајпциг.