Ливерпул е новиот лидер на табелата во англиската премиерлига, откако со фантастичен пресврт во вториот дел успеа со 2:1 на домашен терен да слави над екипата на Брајтон. Голема помош во искачувањето на врвот на табелата за „црвените“ беше сосема неочекуваниот пораз на шампионот манчестер Сити на гостувањето кај Борнмут со 2:1.
Ливерпул одигра едно од најслабите полувремиња денеска и во првиот дел Брајтон со голот на кадиолгу водеше со 0:1. Сепак, упорноста и замените кои ги направи Слот во вториот дел донесоа целосен пресврт. Најпрвин Гакпо погоди за 1:1, а само меколку минути подоцна со еден ретко убав гол Мохамед Салах донесе пресврт и победа од 2:1.
Популарните „цреши“ на домашен терен го совладаа Манчестер Сити со 2:1 и му го нанесоа првиот сезонски пораз на шампионот. Семењо погоди за 1:0 во првото полувреме, додека Еванилсон во второто зголеми на 2:0. За гостите Гвардиол со гол во 82. минута само намали на 2:1.
Нотингем Форест оствари убедлива победа над Вест Хем со 3:0, додека прва сезонска радост имаше и за навивачите на Саутемптон кои на домашен терен се радуваа на победа од 1:0 над Евертон.
Ипсвич имаше предност од 1:0 се до судиското продолжение на мечот со Лестер, но гостите успеаја во 93. минута да израмнат и да заминат со еден бод (1:1).