Лаутаро погоди во новиот триумф на Интер

49

Со единствениот гол на Лаутаро Мартинез, тимот на Интер вечерва на домашен терен го совлада тимот на Венеција, со конечни 1:0 и на тој остана во трка за самиот врв на табелата.

Фаворитската улога Интер ја одбрани на потешкиот начин, затоа што во водство дојде дури во 65. минута, откако претходно голот на Мхтаријан беше поништен.

Истото се случи и со гостинот, тимот на Венеција кој можеше да дојде до сензационален бод, ако беше признаен голот на Сверко во десеттата минута од судиското продолжение. Сепак, истиот беше поништен поради игра со рака.

Двата тима се во дијаметрално спротивна улога по овој меч како и претходно затоа што Интер ќе се бори за титула со своите досега 24. бода, додека пак Венеција со своите осум ќе бара спас го крајот на шампионатот сигурно.

 

ПретходноРафиња: Кога бев дете просев на улиците за храна
СледноБилбао и Бетис одиграа без победник