Легија Варшаца го победи В.Лоѓ со 2:1 во 14. коло во полскиот шампионат во меч кој се најде во центарот на вниманието во целиот свет. Причината за ова е спектакуларното шоу кое го приредија навивачите на Легија. Тие се познати по својата спектакуларна кореографија, а сега го организираа и најголемото шоу со факели во нивната историја. Запалија 800 факели и направија неверојатна атмосфера на стадионот во Варшава.
Легија пред палењето на факелот организираше светлосно шоу во клупските бои, а на натпреварот беа претставени и новите дресови на клубот.
„Историјата, идентитетот и лојалноста го обликуваа овој клуб низ годините. За нас тоа е повеќе од бои“.
Светлосното шоу траеше околу три минути, а навивачите три часа се подготвуваа.
Legia Warszawa at home to Widzew Łódź tonight 🤯🤩🇵🇱 pic.twitter.com/cGBQQpbIaA
— 𝐂𝐚𝐬𝐮𝐚𝐥 𝐔𝐥𝐭𝐫𝐚 𝐎𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 (@thecasualultra) November 3, 2024