Иако тимот на НЕЦ Нијмеген на викенд дуелот против Гронинген забележа огромна победа од 6:0 сепак, резултатот, како и целиот меч остана во сенка на немислиот настан кој се случи. Имено, за време на дуелот, помошникот тренер на НЕЦ, Рон Де Грот доживеа срцев удар. Лекарскиот тим веднаш обави реанимација, со возило беше пренесен во болница, за да стручен тим врз него одработи сериозна интервенција.
Де Грот сега се чувствува добро, но ќе биде задржан во болница уште некое време.
„Имавме разговори со докторите, кои ни ја опишаа неговата моментална ситуација, и тој се чувствува добро. Од претпазливост, ќе мора да биде во болница уште некое време како би се утврдило што е причината за срцевиот удар. Најважно е што е тој добро и дека се ќе биде во ред“ – стои во соопштението на клубот.