Развојот на настаните во Премиер лигата по викенд колото, наложи Ливерпул да биде лидер со 25 освоени бодови. „Редси“ победија во пресвртот над Брајтон, Сити загуби од Брнмут, а Арсенал од Њукасл, по што му се отвори патот на Ливерпул.
Победничкиот гол за Ливерпул го постигна Мо Салах, кој преку социјалните мрежи порача дека Ливерпул е клубот на кој едноставно му личи да биде лидер.
“Ливерпул го заслужува само првото место во поредокот и ништо помалку. Сите тимови се способни да победуваат, но на крајот од сезоната само еден од нив може да биде шампион. Тоа е нашата цел”, напиша египетскиот интернационалец на социјалните мрежи.
„Благодарам на навивачите за поддршката Што и да се случи, никогаш нема да заборавам какво е чувството да се постигне гол на овој стадион“, додаде тој.
На Салах му истекува договорот и веројатноста да си замине од „Енфилд“ на крајот на сезоната не е мала, па оваа година може да му биде последна шанса да ја подигне втората титула со Ливерпул. Напаѓачот, кој има 220 гола и 96 асистенции во 364 натпревари за „црвените“, стана шампион со тимот во 2021 година.