Она што се најавуваше сега е и дефиитивно. Кристијан Трапановски повтрно е повреден, повторно ложата и повторно го чека пауза од 2-4 недели. Ова значи дека офанзивецот на Данди Јунајтед ќе го прескокне и ноемврискиот циклу за репрезентацијата, па така селекторот Благоја Милевски ќе мора да повика друг играч место него.
Велиме очекувано зошто тој уште на пресот завчера најави дека Трапановски се жали на повреда, но сепак членот на шкотскиот премиерлигаш беше ставен на списокот.
Трапановски откако ја одлично ја почна сезоната во новата средина, во Данди Јунајтед, навистина нема среќа, повредите зачестија.