Хајдук не го искористи киксот на Динамо Загреб

222

Екипата на Динамо Загреб попладнево не успеа на гостувањето кај Горица да оствари победа, напротив се спасуваше на два пати од негатива, па момците на тренерот Бјелица треба и да се среќни со конечните 2:2. Нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа стартери и одиграа солиден меч во кој домаќинот беше премногу мотивиран за да загуби.

Од друга страна пак, во Сплит, лидерот на табелата во ХНЛ, тимот на Хајдук не успеа да го искористи горенаведениот кикс, па одигра пред полниот Пољуд само 1:1, против тимот на Истра. Слично како и Динамо, и Хајдук се враќаше од негатива, и не успеа да поведе во ниту еден момент на овој меч. Александар Трајковски ги одигра последните дваесет минути на овој меч.

Хајдук сега има 28 бода и е лидер, додека Динамо е на делба на второто место со 24. Ријека својот меч го игра утре против Осијек.

 

ПретходноОд оваа сезона: Скијачите во спуст и супер-џи ќе мора да носат воздушни перничиња!
СледноМилан два пати испушти водство, бод вреден како „планина“ за Каљари