Ергин Атаман пренесен во болница по натпревар од грчката лига

865

Турскиот стратег и тренер на Панатинаикос, Ергин Атаман заврши во болница по денешниот натпревар од грчката лига против екипата на Перистери.

По натпреварот кој неговите кошаркари го добија со резултат 104:68, турскиот тренер бил однесен во болница откако се чуствувал лошо и морал да ја напушти салата. Според грчките медиуми Атаман почуствувал вртоглавица и слабост, а неговата состојба ќе биде дополнително следена во наредните денови.

Екипата на Панатинаикос ја чекаат два натпревари во Евролигата, прво против Макаби во вторник на домашен терен и против Виртус во Болоња во четврток.

ПретходноЛазаров: Тешко се победува на гостински терен ако не сте доволно добри!
СледноСуперкомпјутерот сега предвидува дека Ливерпул ќе биде шампион во Премиер-лигата!