Англискиот репрезентативец и член на Манчестер Сити, Џон Стоунс ја продолжи соработката со клубот.
27-годишникот по враќањето во меѓу „граѓаните“ по настапите на Европското првенство и одморот, лесно се договори за продолжување на договорот за уште пет години. Стоунс стави потпис до 2026 година.
Со тоа Сити заврши една голема работа пред почетокот на новата сезона, со што ќе нема маки околу одбранбениот ред.