Кадетките славеа убедлива победа над Малта

280

Женската кадетска селекција на Македонија имаше повеќе од успешен почеток на натпреварите од ФИБА „Челенџер“ турнирот во Тбилиси. Избраничките на Никола Златев славеа со резултат 91:53.

Само во првата четвртина нашите млади кошаркарки имаа рамноправен противник пред себе. На истекот на десет минути, Македонија водеше со (18:16).

Но до крајот на премиерниот мелч во Тбилиси, на теренот постоеше само една селекција-македонската. Во вториот период направивме (28:9), па на половреме беше 46:25. Натаму се беше во наша корист.

Капитенот Алексовска реализираше 18.поени, а еден помалку имаше Николов. Покрај нив, 15 даде Стоевска, Милованова имаше 12, а Петревска уште десет реализирани поени.

Утре, во исто време, од 14. часот, следува мечот против репрезентацијата на Албанија.

ПретходноСтоунс ја продолжи верноста со Сити
СледноАбрахам стана „вишок“ во Челзи, неговата следна дестинација е Рома!