И сега навистина е готово. Лео Меси е во Париз, тој пристигна на аеродромот „Бурже“ и беше поздравен од илјадници фудбалски фанови на ПСЖ.
Познато е дека договор има, сега треба прво да се минат лекарските прегледи, а потоа негвиот нов клуб да го претстави и официјално.
Секако дека ова е трансфер или потпис на векот. Лео Меси во ПСЖ, кој ли само можеше пред два – три дена да претпостави.
Навивачите на “светците“ се во екстаза.
Инаку Меси за утре на “Паркот на Принцовите“ закажа и официјална пред – конференција.
ФОТО: Twitter