Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем е добитник на наградата „Трофеј Алфредо ди Стефано“ за сезоната 2023/24. Оваа награда му се доделува на најдобриот фудбалер во шпанската лига. Победникот го избира шпанскиот спортски весник „Марка“.
Минатата сезона Белингем одигра 28 натпревари во Примера, постигнувајќи 19 голови и шест асистенции. Со текот на изминатите години овој трофеј го добија Лионел Меси, кој ја освои наградата рекордни седумпати, Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Раул.