Таткото на Перез потврди: Чеко ќе вози за Ред Бул уште две години

151

Таткото на Ф1 пилотот, Серхио Перез, Антонио Перез Гарибај побара извинување од сите кои тврдеа дека неговиот син ќе го објави своето повлекување од Формула 1 за време на ГН на Мексико. Притоа, Перез постариот потврди дека Чеко ќе остане во Ред Бул и во следните две години.

„Медиумите кои во Мексико рекоа дека тој повеќе нема да се трка и ќе објави дека се пензионира треба барем да се извинат. Тој ќе биде тука во следните две години. Тој го најави ова. Ред Бул е најпрофесионалниот тим во моментов, тимот е шампион. Тие прават се што е потребно за да се вратат, не само со болидот на Чеко, туку и со болидот на Макс Верстапен. Тие се борат за шампионската титула. Мислам дека Макс може повторно да стане шампион и Ред Бул да биде во првата тројка. Реструктуирањето на Ред Бул ќе се случи на крајот на годината“, изјави таткото на Серхио Перез.

ПретходноКејн лут на соиграчите: Не ми се верува, ги ставаат клубовите пред Англија!
СледноБарселона без Фати најмалку еден месец