Откако стана јасно дека ПСЖ ќе биде новиот клуб на Лео Меси, сега веќе почнаа и шпекулациите за тоа кој број ќе го носи на грбот во новата сезона. Аргентинецот со години го носи бројот 10 на дресот во Барселона, но претходно беше јасно дека тој број нема да го носи и во ПСЖ бидејќи во моментов му припаѓа на неговиот пријател Нејмар.
Француските медиуми тврдат дека Меси се двоуми меѓу броевите 19 и 30, но дека сепак е поблиску до втора бројка. Досега, овој број во ПСЖ му припаѓаше на третиот голман Александар Летелијер, кој дојде од Орлеанс минатата година.
Бидејќи тој се смета за „голмански“ број, ПСЖ ќе мора да побара специјална дозвола од Лига 1 за промена.
Le Paris Saint-Germain est très heureux d’annoncer la signature de Leo Messi pour un contrat de deux ans, avec une année supplémentaire en option.
PSGxMESSI ❤️💙
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) August 10, 2021