Бајчетиќ: Јас се чувствувам како шпанец

158

Завршива сагата околу евентуалниот премин на Стефан Бајчетиќ од репрезентацијата на Шпанија во онаа на Србија. Иако кај нашиот северен сосед јавноста константно го споменува како засилување, а селекторот Драган Стојковиќ Пикси најавува дека ќе испрати официјален повик за играчот на Ливерпул кој е на позајмица во Ред Бул Салзбург, сепак, од тоа нема да има ништо.

Бајчетиќ во моментов е дел од У21 селекцијата на Шпанија и на директното прашање што и како планира понатаму кога станува збор за неговата репрезентативна кариера тој кусо одговори.

„Јас сум шпанец и се чувствувам како шпанец“ – рече Бајчетиќ.

Со ова и дефинитивно се става крај на сите шпекулации околу играчот кој е син на Срѓан Бајчетиќ, екс играчот на Црвена Звезда кој подоцна играше во Шпанија, има сопруга од таму, а неговиот син Стефан е таму роден и ги мина сите младински селекции на „Фуријата“.

 

ПретходноРеал со специјален дрес посветен на Лука Модриќ и неговите 550 меча за клубот
СледноБитола најавува нов спектакл: Пелистер – Шкендија во вечерен термин