Пелистер без проблем дојде до деветтиот триумф во Супер-лигата, откако на домашен терен славеше против Прилеп со 46-24 во првиот меч од 11-то коло. На трибините во „Боро Чурлевски“ беше новиот тренер, Раул Алонсо, кој викендов почнува со работа, а ќе дебитира во среда во ЛШ на домашен терен.
Битолчани мечот го отворија со 6-2, водеа со 18-11, додека на одморот резултатот беше 23-16. Пелистер по одморот ја заголемуваше предноста без проблем.
Кузмановски беше стрелец на шест гола кај победникот, по пет имаа Тајник и Хосни. На другата страна Илиески и Цветаноски имаа по шест погодоци.