Милевски: Нема застанување, одиме на победа и освојување на 16 бода

85

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 14:00 часот на Арената Тодор Проески ќе го одигра последниот меч од тековната Лига на Нации против селекцијата на Фарски Острови.

По серијата на четири победи по ред, Македонија сега посакува нова победа со што ќе стигне до одличните 16 бодови, нешто што не сме го направиле до сега.

Милевски: Победата секогаш ни била на прво место

„Без разлика што го имаме обезбедено првото место, ние имаме свои мотиви. Како тим си поставивме цел да стигнеме до 16 бодови за да бидеме уште поконкурентни на таа завршна табела со сите селекции да бидеме што е можно подобропласирани и да бидеме дел од баражот за пласман на СП 2026“ – изјави селекторот Милевски.

Од друга страна пак Александар Трајковски кој исто така беше дел од прес конференцијата пред дуелот со Фарски Острови, смета дека целата репрезентација посакува финиш во голем стил на оваа кампања.

„Постои замор играме на три дена, сепак нема да ни биде ова првпат вака да играме, нашиот фокус е да дадеме најдобро иа на овој последен меч сакаме да завршиме на најдобар можен начин. Заморот ќе го оставиме зад себе за да завршиме со три бода.„ – изјави Трајковски.

ПретходноЈана Атанасовска испиша историја во Леви!
СледноОсвен Елмас останатите во строј