Вардар 1961 дојде до планираните бодови против Струга во дебито на новиот стратег, Гиљермо Милано. „Црвено-црните“ славеа со убедливи 25-34 во меч од 11 коло во Супер-лигата.
Родригез со шест гола беше прв стрелец кај победникот, зад него беше Јагурновски со пет погодоци. Во редовите на Струга, Костоски имаше девет погодоци.
Вардарци тргнаа според планираното, поведоа со 0-5, имаа и 4-8 и 9-13, а потоа полека како да го загубија здивот. Стружани се вратија целосно во мечот и на одморот намалија на 15-16.
Сепак квалитетот на Вардар 1961 дојде до израз во второто полувреме, поведоа со 21-28 и ставија крај на сите дилеми, ако воопшто ги имаше на оваа средба.
За Вардар 1961 ова беше 10-та победа, има и еден пораз, и со овој скор има загарнтирано второ место. На другата страна пак стружани се во долниот дел од табелата со две победи и 9 порази.