Вардар и Скопје одиграа без голови

316

На пријателскиот дуел одигран во Автокоманда, екипите на Скопје и Вардар „спарингуваа“ без голови, 0:0.

По ладно и не баш пријатно време, двата тима во конбинирани состави покажаа борбена игра во која за жал ниту една од шансите не беше искористена.

На Вардар секако дека овој меч добро ќе му дојде, за време на тековнава репрезенаттивна пауза, за да дополнително се воигра. Се знае дека новиот тренер Гоце Седлоски има „полни раце работа“ да го извече тимот од резултатската криза, а ваквите тест мечеви се вистински показател кој колку во моментов може да даде на терен. Тој на своето деби да потсетиме го совлада лутиот ривал Шкупи на Арената Тодор Проески со 3:2.

Следен предизвик за Вардар е гостувањето кај Воска на 24 ноември во рамките од 15.коло од ПМФЛ шампионатот.

 

ПретходноБарди: Сами се изборивме за овој статус и сега треба да уживаме во моментот
Следно„Лавовите“ подобри од Работнички на „Алумина“