Немилиот настан кој вчера се случи во Анстердам, за време на мечот од Лигата на Нациите помеѓу Холандија и Унгарија, а во кој унгарската фудалска легенда Адам Салаи колабираше покрај терено ќе има позитивен крај. Синоќа Салаи, кој е дел од унгарскиот стручен штаб колабираше на клупата при што му беше укажана лекарска помош, но и итно беше пренесен во болница. Реанимиран, лекарите веднаш направиле детални прегледи и тој е сега во стабилна состојба.
Веќе комуницирал и според извештаите се чувствува добро. Мечот беше прекинат, Унгарците реагираа како што и треба во оваа ситуација, го обиколија Салаи и лекарскиот тим кој му пружаше помош и се молеа за него.
Во текот на денешниот ден се очекуваат подетални информации околу неговата состојба.