Македонската кошаркарска репрезентација утре стартува со мини-подготовките за двомечот со Литванија за пласман на Европското првенство 2025 година. Првиот натпревар се игра на 21. ноември во СРЦ „Кале“, додека прак реваншот е за три дена во Клаипеда.
Селекторот, Александар Јончевски за првата средба нема да смета на Ненад Димитријевиќ, кој има меч од Евролига со Олимпија Милано, додека под голем знак прашалник е Американецот со македонски пасош, Итан Хап. Тој е надвор од составот на Валенсија, не играше против Сарагоса поради повреда на зглобот. Хап треба да дојде во Скопје и покрај ова. Ќе оди на прегледи, а дури потоа ќе биде познато дали воопшто ќе му биде на располагање на Јончевски.
Отсуството на едни од најдобрите на првиот меч на домашен терен, дефинитивно е голем хендикеп, бидејќи Македонија со поддршка на фановите може да дојде до втората победа во овие квалификации и да направи значаен чекор кон пласман на ЕП 2025.
Сепак не е се толку црно. Димитријевиќ треба да се приклучи во Клаипеда доколку се биде според планот, а можеби и Хап ќе биде подготвен и за оваа средба.
За постетување, Македонија на домашен терен беше совладана од Естонија, а потоа на гости кај Полска извојува победа. Ист скор од победа и пораз има и Литванија. Нашата репрезентација е второпласирана во групата Х со три бода колку и Литванија, лидер е Естонија со четири бода.