Бојан Илиевски дебитант, Јани Атанасов на местото на Елмас

270

Македонската репрезентација за неполн час на Арената Тодор Проески ќе го одигра последниот меч од актуелната Лига на Нации.

Противник е селекцијата на Фарски Острови, а ние имаме императив на победа, за да ставиме „печат“ на лидерската позиција.

Во атак на нова победа тргнуваме со неколку измени од мечот со Летонија. На местото на Елиф Елмас во игра е Јани Атанасов во средниот ред, а на местото на Бојан Димоски во игра е дебитантот Бојан Илиевски.

Останатите се стандардните. На голот Димитриевски, стоперски двоец Серафимов и Зајков, лево е Алиоски.Исник Алими како последен играч за врска, Александар Трајковски, Дарко Чурлинов, капитенот Енис Барди и Бојан Миовски во нападот.

ПретходноЛесно е кога си Динамо Загреб….Јунајтед тргнува по Батурина
СледноИ Косово е далеку, ако си Цапар