И Косово е далеку, ако си Цапар

998

Далеку е Косово, ако одиш пешки…. Далеку е Косово и фудбалски за нас. Далеку е за четири гола во два пријателски мечеви. На два дуели одиграни среде Скопје, на свој терен, пред своја публика, репрезентацијата на Македонија до 21. година на два пати загуби од нашиот сосед. И тоа на начин кој е недозволив. Не дека Косово одигра којзнае како. Туку Македонија не одигра ништо. И на првиот меч, кога загубивме со 1:3, а и денеска кога противникот победи со 0:1.

А ова инаку треба да е селективен камп на онаа генерација која што ќе го понесе товарот на следниот квалификациски циклус. Таа генерација 2004/05 која што е собрана, триесетина млади фудбалери што од домашниот шампионат што од странство, селектирани од „вечниот“ Драган Канатларовски Цапар.

Вечната македонска фудбалска фигура со визијата од „негово време“ која не проаѓаше и пред двесетина години кога Цапар беше селектор на А селекцијата, а не пак сега. Изгубени претходни генерации, изгубена од старт и оваа. Селективен камп од кој што добиваме порази и игра од која и оној што е квалитет и потенцијал за националниот тим нема како да го искаже истиот.

Далеку е Косово, не помина одамна. Кога имаш „кормилар“ што не знае каде и како да не води. Не поминаа генерации, а нашите залутаа, а каде и кога ќе го прашаме Цапар? Една, втора трета…. ама нема да ни каже пустиот. Знаете зошто? Зошто и сам не знае.

ПретходноБојан Илиевски дебитант, Јани Атанасов на местото на Елмас
СледноХап доаѓа утревечер: Прво на прегледи, па ќе се носи одлука за Литванија!