Флик е директен, фудбалер на Барса во јануари ги пакува куферите

489
Фото: Барселона/Твитер

Како што се наближува јануарскиот преоден рок, така се погласни се шпекулациите дека Барселона ќе биде активна на пазарот барем кога се во прашање заминувањата, бидејќи еден од првотимците би можел да го напушти каталонскиот клуб оваа зима.

Со потпишување спонзорски договор со Најк, Барселона конечно ги реши финансиските проблеми и во 2025 година ќе направи голем кам-бек кога се во прашање трансферите.

Веќе во јануари Барса ќе може без проблем да донесе нови играчи и да ги регистрира, што беше голем предизвик во претходните неколку години.

Сепак, за очекување е Каталонците да не донесат засилување во зима бидејќи Ханси Флик е задоволен од играчкиот кадар кој моментално го има на располагање.

Но, Барса би можела да биде активна на пазарот кога се во прашање заминувањата бидејќи е јасно дека не се сите задоволни од статусот што моментално го имаат во овој тим.

Шпанските медиуми пренесуваат дека во јануари Барселона би можеле да ја напуштат неколку првотимци, а прв на таа листа е данскиот репрезентативец Андреас Кристенсен.

Данецот го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда, но наскоро би требало да се врати на терените. Сепак, неговото отсуство го искористија некои стопери и се чини дека Флик нема да му даде статус на стартер на Кристенсен.

Дека Кристенсен е на излезна врата од Барселона соопшти и новинарот Матео Морето, кој тврди дека има сигурни информации од луѓе блиски до клубот.

Се вели дека на Кристенсен му е јасно дека не е во плановите на Флик, од кој е исфрлен поради неговото отсуство и дека некои други играчи успеале да се наметнат.

Исто така Кристенсен моментално не е ниту пријавен за натпреварите на Барселона бидејќи неговото место го зазеде Дани Олмо, а Каталонците се чини дека немаат намера да го променат тоа.

Кристенсен и Флик веќе разговараа за иднината на данскиот дефанзивец во клубот, поради што тој почна сериозно да размислува за опцијата за заминување веќе во зима бидејќи му стана јасно дека нема да игра премногу доколку остане.

Данецот беше многу важна алка во изминатите две сезони кога тренер беше Чави, но повредата и одличните игри на Кубарси и Мартинез значително го променија тоа.

Кристенсен има договор до летото 2026 година и Барса би можела да го продаде за околу 20 милиони евра, а наводно Данецот е поверојатно да се врати во Англија каде што претходно играше за Челзи со значителен успех.

ПретходноПирова победа на Бањаја, Мартин е нов првак во Мото ГП
СледноПочна „ерата“ на Раул Алонсо во Битола (ФОТО)