Челзи и Виљареал во клинч за трофејот од Суперкупот на Европа

340

ФОТО: УЕФА
Вечерва на „Виндзор парк“ во Белфаст ќе се одигра финалето во Суперкупот на Европа помеѓу Челзи и Виљареал. Тоа е еден вид на „загревање“ пред почетокот на сезоната како во првенствата така и во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а и новото натпреварување Лигата на конференции.

Челзи и Виљареал првпат во историјата ќе играат меѓу себе. Челзи е освојувач на ЛШ, додека Виљареал триумфираше во ЛЕ минатата сезона.

„Сините“ од Лондон веќе имаат еден трофеј од Суперкупот, а тој е освоен во 1998 години, а од тогаш три пати губеа.

Играме против европскиот првак и најдобрата екипа во овој момент. Овој Челзи е многу посилен од оној против кој во 2019 година играв со Арсенал во финалето на Лига Европа. Задоволство е да се натпреваруваме против ваков тим“, рече стратегот на Виљареал, Унаи Емери.

Јасно е дека Челзи е во предност поради искуството, играчкиот кадар и тоа што е европски шампион, но Виљареал важи за многу непријатна екипа. Играат организирано и брзо што е нивна најака страна. Затоа тренерот на Челзи, Томас Тухел ќе мора бргу да го „скоцка“ тимот и да одреди кои фудбалери ќе ги стави во првиот тим. Голем дел од нив беа на одмор и подоцна се приклучија па не се во идеален ритам.

Имам две екипи на располагање. Една која работи пет недели и друга која дојде сега и ни се приклучи пред неколку дена. Тие фудбалери имаат само 45 минути во нозете. Ќе играат фудбалери кои се во најдобра форма, бидејќи овој натпревар е многу важен за нас.

Во еден период од претсезоната имав 42 фудбалери на тренинг, а со толку многу фудбалери не може да се работи продуктивно. Затоа полека го кристализираме тимот и почнуваат официјалните натпревари“, рече Тухел.

Мечот почнува во 21:00 часот, а ќе го суди рускиот арбитар Сергеј Карашев.

ПретходноМустафи ќе му биде соиграч на Пандев во Џенова
СледноНовиот прволигаш Ангели ги потпиша првите странци