Тимот на Санта Клара кој го елиминира Шкупи пријави 10 заразени со Ковид-19!

285

Санта Клара се најде во големи пред мечот со Олимпија во Љубљана во Купот на конференциите откако пријави дека 10 фудбалери се позитивни на Ковид-19. На тестирањата е откриено дека во клубот има нови случаи на заразата поради што се преземени итни мерки за заштита, тројца фудбалери се ставени во изолација на островот Сао Мигел и седум во изолација во хотел во Пењафиел.

Тимот од Азорските острови го елиминираше Шкупи во претходното коло со две победи, дома и во гости, а сега излегува на мегдан со словенечка Олимпија. А ќе има големи маки околу изборот на здрави фудбалери кои ќе отпатуваат за претстојниот меч во четврток (20 часот).

Да потсетиме дека експедицијата на Санта Клара допатува во Скопје имунизирана.

Санта Клара „вакцинирана“ доаѓа во Скопје (ФОТО)

ПретходноПСЖ стана клуб кој издвојува најмногу за плати во цел свет
СледноМустафи ќе му биде соиграч на Пандев во Џенова