Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси потпиша двегодишен договор со ПСЖ.
Откако ги заврши формалности со францускиот тим, на адресата на аргентинскиот фудбалер стигнаа бројни пораки, една од нив од неговиот голем пријател, Роналдињо.
„Ми беше големо задоволство да го носам дресот на овие два клуба, а сега го гледам мојот пријател во дресот на ПСЖ. Лео ти посакувам многу среќни моменти. Исто така сум среќен што и мојот пријател Рамос е таму. Ми мириса на трофеј во Лигата на шампиони“, порача Роналдињо.
View this post on Instagram