Гробарите се бесни, Мијатовиќ станува дел од Фудбалскиот сојуз на Србија

505

Наместо да почне да го врача клубот Партизан на старите патеки, и да го враќа од „мртвите“, за што и пристигна како дел од новата управа на клубот, Предраг Мијатовиќ станува подпретседател на Фудбалскиот сојуз на Србија. По само десетина дена откако се врати на ЈНА и беше најавуван како спасител на клубот, Мијатовиќ направи потег поради кој навивачите на Партизан се бесни.

Тој влегува во структурите на Федерацијата, онаа која според навивачите на Партизан е една од највиновните што клубот е во очајна состојба.
Мијатовиќ најави вакво нешто со своите изјави пред неколку дена во кои јавно го одбрани претседателот на Србија, Александар Вучиќ инаку докажан навивач на Црвена Звезда, а еве сега излегува на виделина и причината зошто е тоа така.

„Гробарите“ се бесни, шокирани од ваквиот развој на настаните, а на социјалните мрежи прават се за да го искажат своето незадоволство.

„Или си Видиќ или си Мијатовиќ, трето нема“… гласи еден од коментарите алудирајќи секако на Немања Видиќ, фудбалската икона на Србија кој што јавно е против сегашната номенклатура во Сојузот на Србија.

Ќе видиме како Мијатовиќ ќе биде дочекан на следниот домашен меч на Партизан.

 

ПретходноКливленд им се врати на победите (ВИДЕО)
СледноСане: Арсенал или Јунајтед? Јас сум сеуште играч на Баерн Минхен