Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи за време на официјалната промоција на Лионел Меси испрати силна порака до Килијан Мбапе.
„Килијан е конкурентен и јавно кажа дека сака ист таков тим. Еве, сега го има. Мислам дека нема повеќе простор за изговори“, рече првиот човек на францускиот тим на новинарското прашање дали е ова тимот кој го посакувал Мбапе.
Најдобриот млад фудбалер во ПСЖ е од 2018 година, дојде од Монако за 180 милиони евра. Во дресот на овој тим одигра 172 меча и постигна 132 гола, намести 62 гола.
Неговиот договор истекува следното лето, има најави дека ќе се пресели во Реал Мадрид, кој се обидува да го добие веќе долго време.