Халанд: “Пеп е најдобриот во светот, најголемиот во историјата!“

69

Ерлинг Халанд важи за еден од најдобрите напаѓачи во моментов во светскиот фудбал, ако не и најдобар. Норвежанецот ја има таа привилегија веќе трета сезона да работи во Манчестер Сити под водство на Пеп Гвардиола, според многумина најдобриот тренер во историјата.

Фактот дека Пеп вчера и официјално се обврза да остане во Сити уште две години, секако дека тоа во многу нешта ќе ги промени плановите на Халанд. За Норвежанецот силно се заинтересирани Реал Мадрид и Барселона, се шпекулираше дека следното лето ќе имаме трансфер “бомба“, но сега Халанд со Пеп на клупата, а и со понудата со која ќе биде најплатен фудбалер во Премиер-лигата, тешко дека ќе си оди.

А дека му е добро под водство на Гвардиола, тоа и самиот Халанд го признава па му да комплименти на својот шеф:

Што да кажам за Пеп што досега не е кажано? За мене тој е најдобриот во светот и најголемиот во историјата“ посочи Халанд во интервјуто за “Скај Спорт“.

ПретходноИндија се подготвува за „Месиманија“
СледноЛегендарниот Најдоски: „Верувам во Омерагиќ, тој ја има сета моја поддршка!“