ПМФЛ: Спектакл во Битола, дербито се игра на Чаир, шампионот на гости кај Брера

327

По двонеделна пауза поради настапот на нашата репрезентација, денеска со мечевите од 15.коло продолжуваат возбудувањата во нашата елитна фудбалска лига. Јасно е дека дербито се игра на Чаир, каде се среќаваат некогашните шампиони, Шкупи и Силекс. Интересно ќе биде и за јавноста со оглед на тоа дека денеска ќе се дознае кој е новиот спонзор или газда на тимот од Чаир, кој најави дека ќе присуствува на денешниот меч со Силекс. Кратовци се во налет, сакаат да ја продолжат супер серијата.

Во Битола нов спектакл. Пелистер ја дочекува Шкендија и тоа во вечерен термин под рефлектри. Прво беше со Вардар а сега и со Шкендија. Проблем ќе биде зошто се очекува да биде студено и температурата да биде минус.

Шампионот гостува кај Брера. Во Струга ТЛ не кријат дека посакуваат нов успех, нова победа и продолжување на позитивната серија.

Вардар гостува кај Воска, а Работнички по пауза од неколку кола посакува на Арената против Беса да им се врати на победите. Гостивар нема да има лесна задача, доаѓа Тиквеш кој просто заборавил кога последен пат победил, кога последен пат постигнал гол, но кавадарчани никако не смеат да се потценат.

ДВОЈКИ ЗА 15.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

Скопје: Гостивар – Тиквеш

Охрид: Воска – Вардар

Скопје: Шкупи – Силекс

Битола: Пелистер – Шкендија (17 ч)

Струмица: Брера – Струга ТЛ

Скопје: Работнички – Беса

ТАБЕЛА

Шкендија 27, Гостивар 27, Силекс 27, Работнички 25, Струга ТЛ 25, Шкупи 16, Пелистер 16, Брера 15, Беса 13, Вардар 11, Воска 11, Тиквеш 10…

ПретходноРасинг е шампион на Копа Судамерикана! (ФОТО)
СледноВерстапен: “Никогаш не сум помислувал дека можам да бидам четирикратен светски шампион“!