Макс Верстапен од Ред Бул е светски првак во Ф1 за сезоната 2024. Иако до крајот на сезоната останаа уште две трки, на досегашниот и новиот светски првак доволно му беше на трката во Лас Вегас да биде петти, да биде пред Ландо Норис и со тоа да стави крај на сите дилеми, ако ги имаше за тоа кој биде шампион.
Холанѓанецот влезе во историјата на Ф1, влезе во големото друштво. Секако дека радоста на Верстапен по трката во Лас Вегас беше голема, сепак не се станува светски првак секој ден, иако тој ова го прави четвртипат во низа.
Да кажеме дека Макс во сенка го стави Џорџ Расел кој победи на оваа трка. Возачот не Мерцедес беше одличен, победи пред својот клупски колега Луис Хамилтон. Следува двоецот на Ферари, Саинц и Леклер.